недела, 14 декември 2025

Приведени тројца од бомбашите во Битола, еден е во бегство

Битолската полиција денеска до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Битола, Н.Ц. (25) од селото Ерековци, прилепско, со место на живеење во Битола, И.Ѓ. (40) од Битола и П.Д. (38) од Битола поради сомневање за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Објавено на

часот

Сподели

„На 12 јули годинава, околу 2.05 часот, Б.А. и Н.Ц., по насоки од И.Ѓ., дошле со мотоцикл во близина на куќа во Битола, по што Б.А. фрлил експлозивна направа кон куќата. Притоа биле оштетени фасади од куќи, прозорци и врати, а биле опожарени седум возила. Четвртообвинетиот П.Д. пак, му помогнал на Б.А. да сокрие докази во врска со кривичното дело“, соопшти битолската полиција.

Вчера и денеска по наредба од Основниот суд во Битола полицијата изврши претреси на повеќе локации во сопственост на осомничените, при што се пронајдени една рачна бомба, марихуана, шише со непозната течност со семки во внатрешноста, солзавец, предмети со траги од прашкаста материја, како и предмети со кои се извршени кривични дела, се додава во соопштението.

„Б.А., Н.Ц. и П.Д. се лишени од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ѓ“, соопшти СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ