понеделник, 15 декември 2025

Приведени тројца кумановци барани со потерница за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Куманово на 5 јули го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето, како што соопшти денеска МВР, било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Во текот на вчерашниот ден, 6 јули, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А. (56)  од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода У.Ф. (44) од Куманово, кој исто така бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ