вторник, 24 март 2026

Приведени тројца крадци во Неготино

Утрово во 2:30 часот на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Д.К. од Велес, С.Т. од село Црвени Брегови, неготинско како и еден малолетник осомничени за кражба на фирма во Неготино.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, тие се затекнати како товарат предмети во патничко возило фолксваген голф со велешки регистарски ознаки и при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино.

„Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител. Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ