недела, 6 април 2025

Приведени три лица кои се сомничат дека убиле 84-годишен жител на село Луке

Полициски службеници вчера лишиле од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено убиство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 18:25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44)  од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, посочуваат од МВР.

Од Министерството наведуваат дека по насока на јавен обвинител, телото  е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ