Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во градот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје го лишиле од слобода Е.Х., на возраст од 21 година од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
На булевар „Илинден“ пак, вчера во 15:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А., на возраст од 37 години од Скопје.
„При преглед на неговото возило, пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана“, појаснија од МВР.
По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни пријави.






