понеделник, 15 декември 2025

Приведени татко и син од радовишко, осомничени се за физичко насилство врз малолетничка

На 20 јули 2025 година, во 04:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А. (46) и А.А. (21) од радовишко село, по претходна пријава од лекар во Итната медицинска помош во Радовиш.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, во здравствената установа лекарска помош побарала тринаесетгодишна малолетничка од истото подрачје, која имала видливи телесни повреди. Според нејзиниот исказ, повредите ѝ биле нанесени од нејзиниот татко и брат.

За случајот бил известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, кој издал насоки за преземање соодветни мерки. Со малолетничката бил извршен разговор од страна на стручни лица од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ