Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека половина час после полноќ на улица „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија, физички го нападнале А.К.С. од Охрид и му одзеле пари и накит.
„В.М. успеала да го заштити А.К.С. и откако двајцата влегле во нејзиниот стан лицата повторно го нападнале, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид. Напаѓачите си заминале од станот кога таа повикала полиција, по што А.К.С. забележал дека од паричникот му фалат пари и личен накит“, информираа од МВР.
Осомничените Ј.М. и С.К. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






