недела, 29 март 2026

Приведени шестмина возачи за безобѕирно возење

Полициски службеници лишија од слобода шестмина возачи за безобѕирно управување на возило во текот на изминатото деноноќие на територија на цела државата, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснија, еден управувал мотоцикл без возачка, друг возач предизвикал сообраќајна несреќа со измерени 1,75 промили алкохол во крвта.

„Од нив, двајца управувале возило без возачка дозвола, еден управувал мотоцикл без возачка, а тројца возеле под дејство на алкохол. Едно лице во Гевгелија управувало мотоцикл без возачка дозвола и по едно лице во општина Чашка и во Скопје, исто така, возеле без возачка дозвола. По едно лице во Битола, Скопје и Охрид констатирано е дека возеле под дејство на алкохол, при што кај возачот во Охрид му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, апелираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ