вторник, 9 декември 2025

Приведени се двајца дилери на кокаин во Струмица

А.К. (27) од Кавадарци и С.Р. (30) од Прилеп добија кривични пријави од СВР Струмица поради сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.

Објавено на

часот

Сподели

На 2 септември на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., при што кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја.
Лицата биле приведени и задржани во полициската станица Струмица. Во службен разговор А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама. Во врска со настанот, во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ