Четворица се од Косово – на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и 43 години, и еден 59-годишник од Штип.
Од секторот за односи со јавност при СВР Битола за МИА потврдија дека лицата биле затекнати во дворното место на едно лице во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња.
„Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските службеници пронајдоа едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на настанот, против лицата ќе биде поднесена пријава за мачење животни“, посочија од СВР Битола.






