„На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино. Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи“, појаснија од СВР Велес.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на настанот.






