Притоа, во угостителски објект на ул. „Илинденска“, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар, затекнати се и приведени В.А.(32), Л.А.(36), А.П.(36) и К.К.(50), сите од Албанија. Додека, во угостителски објект во с.Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б.(50) од Гостивар затекнати се и приведени Е.У.(39) и Џ.К.(25) од Албанија. Петте албански државјанки се приведени затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






