недела, 21 декември 2025

Приведени неколку лица за агресивно однесување кон полицајци

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 13.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Љ.Н.(63) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Исто така вчера, попладне, на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(52) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон  полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во Скопје синоќа после 23 часот на Плоштад „Македонија“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско село затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се обидел и да го удри со мотоциклот кој го управувал.

Ноќеска околу 3.30 часот после полноќ, пак, во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Ш.А.(29) од Кичево затоа што се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Против сите лица, по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ