среда, 24 декември 2025

Приведени неколку лица барани со потерници за издржување затворски казни

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(30) од Велес. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казна затвор од 7 години и 1 месец. Лицето било спроведено во установата за издржување на казната. 

Синоќа од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на подрачјето на с.Трубарево е лишен од слобода К.М.(27) од скопско. За него била распишана потерница со која се барал за издржување на затворска казна. Лицето е приведено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Исто така вчера, на улица „146“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, го привеле 27-годишниот тетовец Н.А. за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“во Тетово за издржување на казната.

Во уште еден случај во Тетово на улица „180“ полициски службеници на СВР Tетово, со судска наредба, вчера го привеле 33-годишниот тетовец В.С. за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово. И тој бил спроведен во установата за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ