Како што информираат од МВР, синоќа во 21:40 часот на булевар Маршал Тито во Неготино, полициски службеници го лишиле од слобода М.М. од Кавадарци.
„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило пежо со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал М.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.81 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
Во вториот случај, утрово во 1:10 часот на улица Западен булевар во Кавадарци, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.
„При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило опел со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Т.М. и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1.95 промили алкохол во крвта“, информираа од МВР.
Оттаму најавуваат дека по документирање на настаните, против двајцата пијани возачи ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило.