четврток, 22 јануари 2026

Приведени набрзо по кражба на пари од продавница во Свети Николе

Објавено на

часот

Сподели

„На 14 јануари од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, лишени од слобода се А.Ѓ.(30), В.Р.(29) и Т.С.(38), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба“, информира МВР.

Во соопштението се вели дека тие одзеле поголема сума на пари од продажен објект во Свети Николе, но набрзо по извршеното кривично дело, во координирана акција на полициските службеници, тие се приведени во полициска станица.

„По наредба на Јавен обвинител извршени се претреси кај лицата, при што се пронајдени и одземени пари, а до ОЈО Свети Николе поднесена е кривична пријава“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ