При преземање службени дејствија, полициските службеници ги затекнале лицата на место викано „Горен водопад“ на река Каменичка во Македонска Каменица, при што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. Притоа, на местото се пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка. Подоцна, со судска наредба, во присуство на неговиот татко, извршен е и претрес во домот на малолетникот, при што тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






