четврток, 22 јануари 2026

Приведени лица од Куманово и Гостивар за издржување затворска казна

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 22.30  часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода В.Г. (34) од Куманово. Тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“”.  В.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово Скопје  за издржување на казната.

Претходно, во 11.50 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, на ул.„ЈНА“ во Гостивар го привеле Ј.Е. (31) од Гостивар, по издадена наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово. Тој се барал за доиздржување на казна затвор во времетраење од 11 месеци. Ј.Е. е спроведен во КПУ Затвор во Куманово за доиздржување на затворската казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ