вторник, 13 јануари 2026

Приведени крадец и соучесник во Велес – украдени пари и златен накит, па заложени кај соучесникот

Полициски службеници од СВР Велес синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, ги лишиле од слобода 22-годишниот А.Д. и 48-годишниот А.С. двајцата од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од СВР Велес, А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С..

Дел од предметите биле пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ