„Полициски службеници на СВР Тетово денеска во 12 часот, на улица „146″ во Тетово, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец Б.Ќ., осуден на шест и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба”, казниви по член 236 од Кривичниот законик. Приведениот Б.Ќ. набргу потоа спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово„ во Скопје за издржување на казната, информираше Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.
Претходно околу 11 часот и 40 минути, со судска наредба, приведен е и 30-годишниот Џ.С.од тетовско Слатино, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „насилство”, казниво по член 386 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во КПУ Затвор “Тетово” во Тетово за издржување на казната.






