понеделник, 22 декември 2025

Приведени две лица во Скопје за изнуда на пари

Објавено на

часот

Сподели

Имено, во периодот од октомври 2021 до април 2022, И.А. со усмен договор му дал на заем пари на Д.И. (30) од Скопје со определена месечна камата, при што до март 2022 година Д.И. редовно му ги плаќал месечните рати по основ камата.

Според пријавеното, на 27.03.2022, И.А. телефонски побарал од Д.И. да му даде сума пари во вредност поголема од дадениот заем за да го затвори долгот, а на 3 април повторно му се јавил, обидувајќи се да му изнуди сума пари повеќекратно поголема од вредноста на заемот, притоа упатувајќи закани до него и неговото семејство. На 4 април Д.И. го пријавил случајот во полиција, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, И.А. бил приведен заедно со А.М., кој бил со него при примопредавање на дел од изнудените пари од страна на Д.И.

Во консултација со јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 258, поради постоeње основи на сомнение за сторeно кривично дело „изнуда“, информираат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ