среда, 18 март 2026

Приведени две лица при обид да ограбат маркет во Чаир, едно лице е во бегство

Полициски службеници денеска лишиле од слобода две лица со Скопје, кои биле спречени при обид да извршат разбојништво во маркет во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х. (23) и Е.А. (19), кои насилно влегле во маркет на ул. ‘Џон Кенеди’ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво. Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар. Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Псочуваат дека по преземените мерки, од слобода се лишени две лица, а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

По целосно расчистување и документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ