недела, 14 декември 2025

Приведени две лица на ГП Табановце – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола

Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП Табановце при  влез во Македонија лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин којшто со патничко возило „рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја.

Објавено на

часот

Сподели

тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда за одземени предмети е одземена од лицето коешто е предадено на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка согласно член 215 од КЗ на РСМ.

На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „априлиа РСВ4“ со швајцарска национална ознака. При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за којашто по дополнителна контрола со помош на претставници на Фронтекс било констатирано дека е целосен фалсификат. По консултација со надлежен ОЈО, В.А. е лишен од слобода, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело  – „фалсификување исправа“ – по член 378 став 1 од КЗ и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ