„Синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.К. од село Ваташа, кавадаречко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната“, соопштија од СВР Велес.
Како што споделија оттаму, утрово во 7:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле О.Н. од Кавадарци.
„Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на казната“, информираа од СВР Велес.






