недела, 14 декември 2025

Приведени двајца возачи од Битола и Демир Хисар, возеле пијани

Двајца возачи од Битола и Демир Хисар се лишени од слобода од страна на полицијата, откако биле фатени како управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, вчера околу 16:40 часот, на експресниот пат Прилеп–Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.П. од Битола кој возејќи удрил во банкина. По извршен алкотест, било утврдено присуство од 2,83 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар ноќеска во 00:12 часот на улица Битолска во Демир Хисар, го лишиле од слобода В.Ц.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле  возило голф со демирхисарски ознаки, кое го управувал В.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта“, информираше МВР.

Двајцата возачи се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ