среда, 18 март 2026

Приведени двајца турски државјани за предизвикување пожар во Горно Нерези

Вчера скопската полиција ги приведе Џ.К. (50) и А.А. (43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.

Објавено на

часот

Сподели

Додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ