вторник, 17 март 2026

Приведени двајца тиквешани за агресивно однесување под дејство на алкохол

Две лица во Тиквешијата биле приведени во текот на вчерашниот ден поради агресивно однесување под дејство на алкохол, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот случај, во 15:10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Е.Ј., на возраст од 18 години од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговите родители.

„При преземање мерки, кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, појаснија од СВР – Велес.

Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

„При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додадоа од СВР – Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ