недела, 7 декември 2025

Приведени двајца тетовци, возеле пијани со повеќе од двојно дозволен алкохол во крвта

Утрово два часа по полноќ, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во село Лешок, го лишиле од слобода Д.Т. од село Ратае. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило фиат пунто, кое Д.Т. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,96 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Во приближно исто време, на регионалниот пат Тетово-Волковија, во село Брвеница, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.С. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило мерцедес, кое Н.С. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,63 промили алкохол во крвта.

И двајцата пијани возачи биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за безобзирно управување на моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ