Утрово два часа по полноќ, на регионалниот пат Тетово – Јажинце приведен е 35 годишниот Ј.Р. од село Лешок, кој возел пијан, односно му биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
Во исто време на кеј „Братство единство“ во Гостивар, приведен е Р.Б. од село Здуње, гостиварско. Тој возел без возачка дозвола, а возилото е одземено.
„По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни пријави“, информираа од СВР Тетово.






