Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот. Од страна на полициските службеници од слобода се лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Приведени двајца скопјани за вознемирување и напад на пејачка во угостителски објект
Утринава, на 9 април, во 02:13 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица.

Објавено на
часот





