„Синоќа во 22:50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово ги лишија од слобода А.В. и А.Б., двајцата од Скопје. При контрола на патничко возило фолксваген поло со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У., на возраст од 22 години, илегален мигрант од Турција. Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител, мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје“, појаснија од СВР – Велес.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава.






