недела, 7 декември 2025

Приведени двајца криумчари, пронајдени се пет мигранти, следува кривична пријава

Вчеравечер, во атарот на село Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани, информира МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон граничниот премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило фолксваген пасат со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале малолетниците, но возилото продолжило со движење. Набргу, во атарот на село Речица, на стар пат за фарма на свињи, возилото запрело, а малолетниците побегнале. Во возилото се пронајдени пет мигранти, од кои три од Мароко и по еден од Алжир и Судан. По преземените мерки, пронајдени и лишени од слобода се и малолетниците“, се наведува во соопштението на МВР.

Мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ