Мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со нив бил извршен службен разговор, во кој изјавиле дека групата ја водел А.А. (26), а му помагал И.К. (22), двајцата од Сирија. Околу 20 часот двајцата осомничени биле лишени од слобода поради постоење сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик и се задржани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и против лицата ќе следува соодветна пријава.
Приведени двајца Сиријци, криумчари на мигранти
Вчера на локалниот пат помеѓу селата Богородица и Стојаково полицијата пронајде 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а малку подоцна кај фабрика во Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“.

Објавено на
часот