недела, 14 декември 2025

Приведени двајца крадци од Гостиварско, едниот крадел добиток, другиот мотоцикл

Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ш.Н.(38) од с.Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело кражба, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл хонда сопственост на Б.И.(63) од Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Истиот ден во 17:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Н.С.(44) од с.Чегране поради основано сомнение дека сторил кривично дело кражба, односно дека на 07.09.2025 одзел неколку грла добиток од М.М.(40) од с.Добридол.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвена соодветна пријава.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ