„Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано Клучка Смоквица, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б. (61) и Х.С. (53), двајцата од Косово. При контрола во возило ‘шкода рапид’ со косовски национални ознаки, што го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан. Лицата се задржани во полициска станица, а мигрантите и возилото се сместени во прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија“, појаснија од МВР.
По целосно документирање на случајот, додадоа од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






