Според статистичкиот преглед од полициските активности, вчера беа евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 прекршоци се изречени за возачи што управувале возила без возачки доволи, како и 28 прекршоци за возачи кај кои е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Од друга страна пак, исто така согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле и 14 возачи на мотоцикли заради неносење заштитен шлем, потоа девет лица заради користење на мобилен телефон при возење, еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло, како и 16 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Исто така вчера, а врз основа на членот 297-а од КЗ на РСМ (“безобѕирно управување со возило“) лишени од слобода се деветмина возачи од кои што двајца заради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина заради управување со брзина поголема од дозволената.






