понеделник, 8 декември 2025

Приведени дебрани кои пукале со пиштоли на свадби

Полициски службеници од полициската станица Дебар лишиле од слобода жители на градот, кои на семејна веселба пукале со пиштол.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 15 минути по полноќ полициските службеници од слобода го лишија Ф.П. (28) од Дебар, постапувајќи по доставена пријава дека претходно од огнено оружје – пиштол пукал на семејна веселба.  Исто така, синоќа во 22:45 часот, е приведен Б.Ч.(31) од Дебар кој претходно, на семејна веселба во градот, извршил истрелување на повеќе куршуми од сигнален пиштол што го поседувал без соодветна потврда“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

И во двата случаја пиштолите биле одземени, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Пукањето на домашни веселби последните денови зачести, за разлика од претходните неколку години, кога ваквата појава речиси беше искоренета. Пред повеќе години беше редовна појава. Пукање се слушаше и синоќа.

Претходно на 29 јули полициските службеници го приведоа А.М.(30) од Дебар кој, на семејна веселба во Дебар испукал повеќе куршуми од гасен пиштол, кој нелегално го поседувал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ