недела, 28 декември 2025

Приведени четири малолетници во Скопје за кражба

Денеска (28 декември) околу 03:20 часот полициски службеници од Единицата за Интервентна Полиција при СВР Скопје на ул.„Цветан Димов“ во Скопје лишија од слобода четири малолетни лица, сите од Скопје, поради сомнение дека претходно извршиле кривично дело кражба.

Објавено на

часот

Сподели

Имено, тие претходно насилно од едно женско лице одзеле чанта со документи и платежна картичка. Лицата се спроведени во Полициска станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ