сабота, 26 јули 2025

Приведени битолчанец и скопјанец, возеле под дејство на алкохол

Битолчанец и скопјанец биле лишени од слобода поради управување возила под дејство на алкохол, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштеното се наведува дека вчера во 17:39 часот на улицата „Македонски гемиџии“ во градот, полициски службеници од СВР – Битола го лишиле од слобода Х.Р., 32-годишен битолчанец.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило голф со битолски регистарски ознаки, што го управувал Х.Р. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,51 промили алкохол во крвта“, појаснија од МВР.

Претходно, во 13:01 часот, полициски службеници од ОВР – Македонски Брод кај село Латово го лишиле од слобода В.Т., на возраст од 39 години од Скопје.

„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле  2,55 промили алкохол во крвта“, информираа од МВР.

По документирање на случаите, како што се додава во соопштението, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од КЗ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ