Вчера пак, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Т.(78) од Кавадарци, врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување на казна затвор во траење од осум месеци сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ казниво по член 131 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Во Велес вчера, во 17:45 часот, полициските службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.И.(25) од Велес, по издадена потерница врз основа на наредба од Основен Кривичен суд Скопје, за издржување мерка притвор.Тој бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.






