недела, 12 април 2026

Приведени 4 лица, украле пари од малолетници во Градскиот парк

Полицијата од Скопје приведе четворица разбојници откако била добиена пријава дека во Градскиот парк украле пари од малолетници.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера полицијата од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д. (40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела разбојништво во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници“, стои во соопштението на МВР.

Како што додаваат оттаму, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ