вторник, 1 април 2025

Приведени 4 лица со дрога во Кочани

Вчера во Кочани полицијата ги приведе О.С. (18) од Куманово, М.А. (54) од Кочани, Е.М. (25) од Виница, Џ.А. (34) од Виница и С.М. (38) од Кочани. Тие биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрс во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ