Од вкупниот број, седум возачи се лишени од слобода за управување на возило возачка дозвола, од кои еден е повикан на службен разговор во Свети Николе.
„Додека, останатите шест се лишени од слобода во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и двајца во Кичево. Четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен управувале возило под дејство на алкохол. Додека, двајца возачи во Скопје и Струга управувале возило со забрана за управување на патничко возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, посочуваат од МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.






