„Утрово во 3:30 часот на улица Страшо Пинџур во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што агресивно се однесувала кон нив додека извршувале службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.