недела, 14 декември 2025

Приведена скопјанка, во нејзиното возило пронајдени шест мигранти од Египет

На автопатот Пријателство, кај клучката за селото Прдејци, вчера полицијата ја приведе М.П. (39) од Скопје, затоа што во возилото „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно полициските службеници во село Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелијам, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ