петок, 2 јануари 2026

Приведена неготинка, осомничена е за предизвикување пожар

Полициски службеници синоќа ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино,  предизвикала пожар, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Неготино, а повредени лица нема. В.А била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино и по документирање на настанот, против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, потенцираа од СВР – Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ