Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78). Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.