Како што информираше СВР Тетово, при контролата, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта, приведена е 47 годишната З.Х. од Албанија. Таа е задржана во полициска станица за понатамошна постапка и против неа ќе следува соодветен поднесок.






