вторник, 9 декември 2025

Приведена 22-годишна тетовчанка за кражба во возило во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Таа била барана по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев” во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје. Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото. При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ