сабота, 5 јули 2025

Приведена 19-годишна девојка, возела пијана, направила сообраќајка и побегнала

Деветнаесетгодишна девојка од Радовиш е приведена утрово, откако под дејство на алкохол предизвикала сообраќајна несреќа, а потоа го напуштила местото на инцидентот. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од СВР Струмица, на 29 јуни 2025 година во 06:30 часот на улицата Самоилова во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К. (19) од Радовиш.

„Лицето управувало моторно возило и предизвикало сообраќајна несреќа, по што го напуштило местото на настанот.  По преземени мерки, било утврдено дека таа возела под дејство на алкохол, при што е измерена концентрација од 2,23 промили во крвта“, велат од полицијата.

Од Министерството информираат дека Т.К. е задржана во полициската станица Радовиш и дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ